Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поради загадениот воздух, во Битола на сила стапуваат препораките и краткорочните мерки

Поради загадениот воздух, во Битола на сила стапуваат препораките и краткорочните мерки
300x250 opst2

Прагот за алармирање поради штетни ПМ10 честички во воздухот е надминат на мерно место во Битола, поради што во градот стапуваат на сила владините краткорочни препораки и мерки во случај на надминат праг, информираат од Министерството за животна средина.

„Согласно со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух, во која е дефиниран прагот на алармирање (со надминување на вредноста од 163 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Битола – Битола 2“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека на мерното место се регистрирани среднодневни концентрации на PM10 честички од 163.32 mg/m3 на 18 февруари и 179.36 mg/m3 на 19 февруари.

Препораките и мерките кои ќе се спроведуваат во однос на загадениот воздух, Владата ги усвои на седница на 28 ноември 2017 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена 

Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата