Утрински Весник
Македонија

Поради врнежи од снег забрана за сообраќај за тешки моторни возила на неколку патни правци

Поради врнежи од снег забрана за сообраќај за тешки моторни возила на неколку патни правци

Во 11:10 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичевo преку планинскиот превој Стража, соопшти АМСМ.

Денес од 10:35 часот укината е забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Охрид – Кичево, превој Пресека и обратно.

Од 00:40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 06:20 часот поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на повисоките места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни