Утрински Весник
Свет

Попушта коронавирусот во Хрватска: 230 новозаразени, 35 починати

Попушта коронавирусот во Хрватска: 230 новозаразени, 35 починати

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 35 смртни случаи и 230 новозаразени со коронавирус, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов има 4.976 активни случаи во Хрватска, од кои 2.140 пациенти се во болница, а 191 се на апарати за дишење.

Заклучно со 25 февруари минатата година, во Хрватска се евидентирани 220.223 случаи на инфекција со коронавирус, од кои починале 4.403 пациенти, додека 210.844 лица закрепнале, од кои 718 во последните 24 часа.

Во моментов има 17.679 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.080.918 лица, од кои 3.141 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот