Утрински Весник
Македонија

Поповски: Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и по изборите 

Поповски: Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и по изборите

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и понатаму, без оглед на тоа кој ќе дојде на власт. За таа цел мора претходно да ги едуцираме граѓаните преку воведување на медиумската писменост и во формалното образование, истакнал министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска на средба со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на ИРИ, Овен Паун, директор на ИРИ за Република Северна Македонија и Илина Мангова, заменик директорка на ИРИ за Република Северна Македонија.
Министерот Поповски ја посочил важноста од етаблирање на професионалци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Како што соопшти владината прес-служба, Поповски додал дека оваа Влада за прв пат создаде професионален сектор за информирање кој, меѓу другото, ја промовираше транспарентноста на сите буџетски трансакции, подвлекувајќи дека во наредниот период од особено значење ќе биде бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата како и остварувањето реални реформи во судскиот систем.

Pet Utrinski

-Сите заедно треба да ги туркаме сите институции во насока на поголема транспарентност и борба против корупцијата, нагласил Поповски.

Претставниците на ИРИ ја поддржале досегашната соработка со Владата на Република Северна Македонија и изразија надеж дека таа ќе продолжи. Тие истакнале дека инцијативите и реформските процеси што ги остварува оваа Влада се од огромно значење за иднината на земјата и упатија честитки за успешноста. Од ИРИ ги поздравиле заложбите на Владата за професионално информирање и понудија експертиза за сензитивизирање на јавноста за лажните вести. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина