Утрински Весник
Македонија

Попладне повторно нестабилно со дожд и грмежи

Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Можете да прочитате

До 25 септември без врнежи, потоа вистинска есен, врнежи и снег на планините

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево