Утрински Весник
Македонија

Попладне повторно аеродезинфекција во Кавадарци

Попладне повторно аеродезинфекција во Кавадарци

Кавадарци, 4 април 2020 (МИА) – Денеска попладне повторно ќе се изврши аеродезинфекција во Кавадарци,  информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Се известуваат жителите на Кавадарци дека денеска со почеток од 16 и 30 часот ќе се започне со аеродезинфекција. Жителите кои живеат во куќи и станбени згради кои се наоѓаат на самите улици,  пожелно е да ги затворат своите прозори и врати. Во акцијата ќе учествуваат пет возила кои ќе вршат аеродезинфекција, соопштуваат од кабинетот на Јанчев.

Воедно, појаснуваат дека се почитуваат мерките на Владата и Општината, коишто се однесуваат на превенција од коронавирусот. свд/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг