Утрински Весник
Свет

Поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија: Стотици раселени, има загинати и исчезнати

Поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија: Стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинаа, а стотици други се раселени од нивните домови поради лизгање на земјиштето и поплавите што го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите сè уште трагаат по 23 исчезнати лица во поплавите што го погодија Северен Лубу, област во провинцијата Јужен Сулавеси, изјави Радитја Џати, портпарол на агенцијата.

На снимките од теренот се гледаат оштетените куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така покриена со кал и остатоци од отпад, пренесува АП.

За неколку дена, поради обилните дождови, се излија три околни реки, што предизвика евакуација на повеќе од 650 лица, соопштија локалните власти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух