Делови од Албанија и Косово се поплавени по поројните врнежи од дожд.
Обилните дождови што паѓаат во Албанија веќе два дена предизвикаа поплави во Скадар, Леж, Ѓирокастро, Елбасан и Драч.
Неколку реки се излеаja од своите корита, а под надзор е и вештачкото езеро Калмен.
Реката Ерзен се излеа во Драч и поплави земјоделски земјишта, куќи, патишта и продавници.
Во неколку албански градови во прекин е и електричната енергија. Во Ѓирокастро патниот сообраќај е во прекин, како и во Елбасан, каде што на повеќе места има свлечишта.
Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето на автопатот „Ибрахим Ругова“ во Косово, а полицијата најавува евакуација на населението во општина Ѓаковица, каде што се поплавени влезовите во градот и голем број куќи.
Реката Мируша на подрачјето на општина Малишево синоќа се излеа од коритото поради обилните врнежи од дожд, но состојбата сè уште е под контрола, беше соопштено денеска од оваа општина.
Во општина Малишево неколку патишта се блокирани, а некои мостови се под вода.