Утрински Весник
Македонија

Поплавен Драмски театар, протекол покривот, претставите се откажуваат

Поплавен Драмски театар, протекол покривот, претставите се откажуваат

Од Драмски театар во Скопје соопштуваат дека вечерашната претстава “Мојот маж” се откажува.

„Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа“, информираат од Драмски Театар.

„И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили. Се надеваме дека ова во еден догледен рок ќе се санира и ќе можеме да продолжиме со нашите предвидени активности“, се додава во известувањето од оваа институција.

Можете да прочитате

Инспекциите потврдија: Нема криење залихи на гориво, следуваат засилени контроли во маркетите

Продолжи судењето за „Онкологија 2“

Ниту еден воз од Скопје денеска не пристигна во Битола