Утрински Весник
Македонија

Пописот не почнува, се чека одлука од Собранието

Пописот не почнува, се чека одлука од Собранието

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со пописот, до завршувањето на постапката во Собранието, Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека нема да ги отпочне пописните активности на терен.

„Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време. Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување“, се вели во соопштението од ДЗС.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека за сите активности што следуваат, навремено ќе ја информира јавноста.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во Кочани: „Мицкоски ни рече да си ставиме цена на децата!“

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово