Лисабон, 5 април 2020 (МИА) – Тренерот на тимот на Спортинг У23, Леонел Понтез го нарече напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо „Супермен“.
– Не е впечатливо што Роналдо е толку добар на 35 години, но импресионира неговата стабилност. Тој е вистински „Супермен“. Роналдо игра на толку високо ниво долги години, менувајќи ги земјите и позициите, изјави португалскиот тренер.
По принудната пауза поради пандемијата, Понтеш очекува играчот на Јувентус да се врати на терените уште посилен.
– Ваквиот одмор, особено на оваа возраст, ќе му помогне да ги наполни батериите пред да ја нахрани гладта и желбата да игра.
Оваа сезона во Серија А, Роналдо настапи на 22 натпревари за Јувентус, на кои постигна 21 гол и забележа три асистенции. зс/