Утрински Весник
Македонија

Помпео: САД стојат зад Северна Македонија во време на криза

Помпео: САД стојат зад Северна Македонија во време на криза

Вашингтон, 27 април 2020 (МИА) – Државниот секретар Мајк Помпео денеска во разговар со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, го поздрави полноправното членство на земјата во НАТО и одлуката на ЕУ да започне пристапни преговори.

-Овие два историски настана станаа можни благодарејќи на Преспанскиот договор склучен во 2018 година, истакна Помпео.

Првиот човек на Стејт департментот високо го оцени лидерството на Пендаровски и Владата за достигнување на овие клучни стратешки цели. Како што се истакнува во соопштението на Стејт департментот, САД се убедени дека тоа ќе придонесе кон повеќе стабилност и прогрес на Западен Балкан.

Помпео и Пендаровски исто така разговарале и за меѓународните напори во борбата со Ковид-19.

Државниот секретар исто така истакнал дека САД стојат зад Северна Македонија во ова време на криза. кб/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ