Утрински Весник
Свет
Img 7972

Помпео: Можно е САД може да размислат за санкции против Белорусија

Помпео: Можно е САД може да размислат за санкции против Белорусија
300x250 opst2

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД ќе ја разгледаат можноста за воведување санкции против Белорусија како резултат на тековните настани во републиката, пренесува ТАСС.

„Сигурен сум дека ќе разгледаме секоја од овие работи, а најважно е да се напоменат критериумите. Што е тоа што веруваме дека можеме да направиме, не само САД еднострано, туку на мултилатерален начин, да се испорачаат добри резултати за белорускиот народ, без разлика дали ќе стне збор за санкции или за одлуки за испорака на производи? Овие работи допрва треба да се утврдат “, рече Помпео како одговор на прашањето за можните измени во односите меѓу САД и Белорусија во врска со испораките на американска нафта во Белорусија и испраќањето амбасадорот на САД во Минск.

„Ние сме неверојатно вознемирени од изборите и длабоко разочарани што не беа послободни и поправедни. Го видовме ова однесување и порано. Насилството и последиците од него, мирните демонстранти се третираат на начини што не се во согласност со начинот на кој треба да бидат третирани. Не сме решиле каков е соодветниот одговор, но ќе работиме со нашите европски пријатели кои се подеднакво загрижени за тоа што се случи. Сакаме добри резултати за белорускиот народ и ќе преземеме активности во согласност со тоа “, посочи тој.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август. Според првичните резултати обезбедени од белорускиот Централен изборен комитет, актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, доби 80,08 отсто од гласовите.

Светлана Тихановскаја, која важеше за негов главен противник, се најде на второ место со 10,09 отсто. Таа изјави дека не ги признава овие резултати, сметајќи дека е избрана за шеф на државата, и поднесе жалба до Централниот изборен комитет.

Откако беа објавени резултатите од излезните анкети вечерта на 9 август, во центарот на Минск и другите региони во земјата избувнаа протести, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Протестите продолжија на 10 и 11 август. Како резултат на тоа, беа приведени неколку илјади луѓе, а повредени се десетици полицајци и демонстранти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп слета во Израел (ВИДЕО)

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник