Утрински Весник
Македонија

Помпео: Влезот на на Северна Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“

Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија (ДПЛ)

Вашингтон, 7 април 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска уште еднаш и и честита на Северна Македонија како 30. членка на НАТО.

На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално“.

-Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација, истакна Помпео.

Денешната прес-конференција на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на коронавирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја насекеда низ светот. кб/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Средба Сиљановска-Давкова – Пленковиќ:  Одличните билатерални односи се засновани на меѓусебна почит и доверба

Левица во посета на кубанската амбасада – Солидарност против империјалистичките притисоци