Утрински Весник
Македонија

Помош од Владата за радиодифузерите за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19

Обвинувањата на ММА за учество во пиратство се неточни и тенденциозни, тврдат операторите

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Владата обезбеди помош за радиодифузерите со цел справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Ќе се подмират нивните долгови настанати заради користење на дигитален терестријален мултиплекс, а за таа намена ќе бидат одвоени 31.732.390 денари или 515.974 евра.

Средствата, како што се наведува во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе бидат превземени од Фондот за помош за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

– Владата на Република Северна Македонија, усвои изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Оваа измена ги опфаќа сите радиодифузери во земјата на кои ќе им се покријат трошоците за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот, велат од МИОА.

Средствата ќе се исплаќаат врз основа на извештај за настанати долгови доставен од страна на операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс, за надомест на трошоците на радиодифузерите, кои од регулаторното тело добиле дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, за дигитализација за 2020 година.

– На овој начин, подеднакво ќе им се помогне на сите национални, регионални и локални телевизии, и тоа конкретно во делот на дигитализацијата, аспект што се покажа особено важен, а многу често и неопходен за непречено функционирање во новонастанатата состојба предизвикана од коронавирусот, се вели во соопштението од МИОА.

Одлуката, како што се појаснува, е донесена по направените анализи за последиците од влијанието на  КОВИД-19, врз националните, регионалните и локалните телевизии кои изминатиот период се соочиле и се уште се соочуваат со потешкотии во работењето. бак/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“