Утрински Весник
Македонија

Помош и од Романија – во земјава пристигнува авион со голем капацитет за гаснење

Помош и од Романија – во земјава пристигнува авион со голем капацитет за гаснење

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преку Фејсбук сподели информација дека Романија ќе испрати во земјава авион со голем капацитет за гаснење, како помош во справување на пожарите.

„Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите – Романија испраќа авион со голем капацитет за гаснење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро“, напиша Шекеринска.

Можете да прочитате

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“

ЦУК: Обилни врнежи од дожд, на планините од снег!

Вечерва во 20:00 на 4TV: Тасева и Салаи за корупцијата во Македонија