Утрински Весник
Спорт

Помошникот поискусен од главниот тренер – Тудор ќе му помага на Пирло

Помошникот поискусен од главниот тренер – Тудор ќе му помага на Пирло
Dik 300x250 mk

Како што се очекуваше, Јувентус го потврди Игор Тудор како помошник на главниот тренер во интересна ситуација кога помошникот има далеку поголемо искуство од главниот тренер.

Хајдук веќе потврди дека добиле 450.000 евра за Тудор да премине во својот стар клуб, каде што играше од 1998 до 2005 година. Пирло нема никакво тренерско искуство, додека Тудор веќе беше главен тренер во Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај и Удинезе, кои двапати ги спаси од испаѓање.

Покрај Тудор, потврдено е дека Роберто Баронио ќе биде технички соработник на Пирло заедно со Антонио Гаљарди, додека Паоло Бертели се враќа во тимот како одговорен за физичката подготвеност на фудбалерите. Клаудио Филипи и Томасо Орсини ќе работат со голманите, додека Рикардо Ширеа, Доменико Вернамонте и Џузепе Мајури ќе ги вршат анализите на мечевите за Пирло.

Јуве почнува со подготовките на новата сезона веќе утре.

> Помошникот поискусен од главниот тренер – Тудор ќе му помага на Пирло <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето