Утрински Весник
Свет

Помладите Британци ќе можат да примат друга вакцина наместо на „Астразенека“

Помладите Британци ќе можат да примат друга вакцина наместо на „Астразенека“
Dik 300x250 mk

Повеќето возрасни лица на возраст под 40 години во Велика Британија ќе можат да примат  друга вакцина доколку ја примат првата доза на „Астразенека“, пишува Би-би-си.

Одлуката е донесена поради поврзаност со ретки крвни згрутчувања. Регулаторот на безбедноста на лековите во Велика Британија вели дека се пријавени 242 случаи на коагулација и 49 смртни случаи и биле администрирани 28,5 милиони дози на вакцина. Но, ризикот е малку поголем кај помладата популација.

Се проценува дека вакцинирањето веќе спасило 10.000 животи во Велика Британија.

Вакцината развиена во соработка со „Оксфорд“ и „Астразенека“ е поврзана со ретки згрутчувања на крвта, кои исто така се јавуваат при ниско ниво на тромбоцити во крвта.

Ризикот од тромб е приближно 1 на 100.000 кај луѓето во четириесеттите години, но кај луѓето во триесеттите години тој број се искачува на 1 на 60.000.

Повеќето згрутчувања се формираат по примањето на првата доза, а на луѓето кои веќе примиле една доза на „Астразенека“ им се препорачува да примат втора доза од друга вакцина.

Сепак, на некои лица на возраст под 40 години ќе им биде понудена вакцина на „Астразенека“ затоа што е полесна за транспорт и складирање, што ја прави попрактично од алтернативите.

Сите возрасни се очекува да ја примат првата доза на вакцината до крајот на јули.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија