Гостивар, 2 јуни 2020 (МИА) – Минатиот месец по гостиварските сообраќајници имало за два и пол пати помалку сообраќајни прекршоци во споредба со истиот период лани. Во мај годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, на поширокото гостиварско подрачје откриле и санкционирале 669 сообраќајни прекршоци.
Од СВР Тетово информираат дека поради утврдени различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 66 возила. Најмногу од исклучените возила (60) имале истечена регистрација (до и над 30 дена), кај пет била утврдена техничка неисправност, претежно на сопирачките, а кај едно претовар.
Непочитување на законските прописи за безбедност на сообраќајот на патиштата низ гостиварско, се откриени кај 91 возач и тие минатиот месец се исклучени од сообраќај. Од нив, 65 управувале возило без возачка дозвола, пет под дејство на алкохол, 12 возачи-почетници, осум со несоодветна категорија и еден со важечка забрана за управување.
За откриените сообраќајни прекршоци во мај, поднесени се 214 прекршочни пријави и 61 мандатен плaтен налог, додека времено се одземени 13 возачки и 42 сообраќајни дозволи.згм/лв/