Утрински Весник
Македонија

Помали трговски објекти од Куманово почнаа да работат со скратено работно време

Помали трговски објекти од Куманово почнаа да работат со скратено работно време

Куманово, 23 април 2020 (МИА) – Дуќани, бутици, цвеќари во Куманово од денеска почнаа да работат со скратено работно време, откако се намалија рестрикциите во движењето.

Сопствениците на трговските објекти претпазливо го најавија почетокот на работата на социјалните мрежи.  Најголем дел од нив ќе работат со скратено работно време од 11 до 15 часот, додека во сабота ќе работат од 11 до 13 часот, согласно препораките на Владата.

Сопствениците на трговските објекти велат дека ќе пуштаат по еден купувач, согласно уредбата на Владата.

-Граѓаните се должни да носат маска и ракавици при влегување во дуќаните и секако надвор. Ние ќе држиме дистанца од два метра. Со нови сили, позитивни мисли од наша и од страна на клиентите, очекуваме да ја пребродиме кризата, затоа што сметаме дека само заеднички може да опстанеме во ова време-невреме. Ќе се потрудиме да бидеме полфексибилни во однос на цените и отворени за секаков вид соработка, со цел да помогнеме да се раздвижи локалната економија, велат сопственички  на цвеќарница и бутик од улицата „Илинденска“ од Куманово.

Некои од нив ги затворија објектите непосредно по прогласувањето на вонредната состојба. Помал процент вршеа онлјан продажба. ам/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“