Утрински Весник
Спорт

Пол Џорџ ги „згасна сонцата“ – Клиперси намалија на 3-2 во финалето на Западот

Пол Џорџ ги „згасна сонцата“ – Клиперси намалија на 3-2 во финалето на Западот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во петтиот меч од финалето во Западната конференција во НБА лигата Лос Анџелес Клиперс славеше како гостин кај Феникс Санс со резултат 116-102 и така ја продолжија борбата за големото НБА финале.

Водството на Клиперси на овој меч беше прекинато само во еден краток момент на почетокот на третата четвртина кога „сонцата“ поведоа со поен разлика.

Тимот од ЛА силно влезе во мечот и првиот период го доби со 10 поени разлика.

Во втората четвртина Санси се консолидираа.

Во третиот период дури и поведоа, но таквата игра кратко траеше. Следуваше шутерско шоу во четвртата четвртина со што гостинот повторно ја врати двоцифрената предност.

Незадржлив со 41 постигнат поен кај Клиперси беше Пол Џорџ. Имаше 13 скока, сите во одбраната, но и 6 асистенции.

Реџи Џексон го надополни со 23 поени, а Маркус Морис броеше до 22.

Кај Феникс Дејвин Букер уфрли 31 поен, Крис Пол застана на 22, додека Камерун Џонсон придодаде 14 поени.

Шестиот меч од серијата се игра на 1 јули во Лос Анџелес.

> Пол Џорџ ги „згасна сонцата“ – Клиперси намалија на 3-2 во финалето на Западот <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028