Утрински Весник
Спорт

Пол-позиција број 92 за Луис Хамилтон!

Пол-позиција број 92 за Луис Хамилтон!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Луис Хамилтон повторно ќе стартува од првото место на Шпанското ГП во Барселона, откако успеа да го совлада својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас за своја 92. пол-позиција во блескавата кариера.

И покрај овој успех, Хамилтон веднаш побара од неговиот тим да биде подготвен за борба во недела на „Каталуња“ бидејќи Ферстапен е блиску.

„Не можев да бидам побрз во вториот круг, така што имав малку среќа што ќе стартувам прв. Тимот заврши одлична работа, но остануваме да работиме напорно бидејќи момците од Ред бул се супер-брзи“, изјави Хамилтон.

Шесткратниот светски шампион успеа да биде побрз од Ботас за само 0.059 секунди, додека од вториот ред ќе стартува победникот од Силверстоун, Макс Ферстапен во Ред бул пред повратникот во шампионатот, Серхио Перез во Рејсинг поинт и неговиот колега Ленс Строл.

Вториот возач на Ред бул, Алекс Албон е шести пред двојката на Мекларен, Карлос Саинс Јуниор и Лендо Норис, додека топ 10 ги комплетираат Шарл Леклер во спорото Ферари и Пјер Гасли во Алфа Таури. Себастијан Фетел не успеа да влезе во последните квалификации и ќе стартува од 11. позиција.

> Пол-позиција број 92 за Луис Хамилтон! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов