Утрински Весник
Магазин

Полјак паѓал 192 пати на тестовите од возачкиот испит

Полјак паѓал 192 пати на тестовите од возачкиот испит

Еден Полјак, во неговиот роден град Трибунал Пјотрков, станал познат по бројот на неуспешни обиди да го положи испитот за возачка дозвола.

Минатата недела 50-годишникот паднал на возачкиот испит по 192 пат. Според германски „Билд“, тој секогаш паѓал на теоретскиот испит, и досега никогаш не стигнал до практичниот дел од возачкиот испит.

Весникот посочува дека испитот по теорија за возење во Полска е потежок отколку во другите европски земји, а половина од кандидатите паѓаат на него за првпат.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март

Од борба за живот до роденденска прослава: Гибончето Мики полни една година