Утрински Весник
Свет

Полјак и понудил помош на девојка од Украина, па ја силувал

Полјак и понудил помош на девојка од Украина, па ја силувал

49-годишен маж од Полска е уапсен под сомнение дека силувал 19-годишна девојка која ја намамил во својот дом преку Интернет, нудејќи ѝ засолниште откако таа побегнала од Украина, пишува Sky News.

Полицијата во Вроцлав соопшти дека Полјакот е уапсен и може да се соочи со затворска казна до 12 години.

– Ја запознал девојката нудејќи ѝ помош преку интернет. Таа побегна од воена Украина, не зборуваше полски. Таа му веруваше на човекот кој вети дека ќе и помогне и ја остави. За жал, сето ова се покажа како лажна манипулација – се наведува во соопштението на надлежните.

Добротворните организации и групите за човекови права кои работат во соседните земји за да примат бегалци рекоа дека виделе случаи на трговија со луѓе, исчезнати деца, изнуда и експлоатација додека повеќе од 2,5 милиони луѓе се преселиле во соседните земји за да избегнат ескалација на насилството.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија