Утрински Весник
Македонија

Полупразни излетничките места во Делчевско

Полупразни излетничките места во Делчевско

Делчево, 1 мај 2020 (МИА) – Раниот полициски час ги остави полупразни излетничките места во делчевско во рамки на првиот ден од продолжениот викенд по повод ,,1 Мај“ – Меѓународниот ден на трудот.
Пикникот кој вообичаено младите го организираат на овој ден се одвиваше во мали групи на неколку локации во градот. Најпосетен беше манастирскиот комплекс Балаклија, чиј домар Љупчо Ристов, истакна дека претежно млади луѓе биле меѓу посетителите.
-Имаше неколку групи на млади од по двајца-тројца, кои го искористија денот за прошетка. Само мал дел денот го поминаа со правење скара и алкохол, додека семејства со своите деца исклучиво беа овде за рекреација, вели Ристов.
На останатите места во делчевско немаше поголеми собири. Неработниот ден граѓаните го искористија за завршување на домашните обврски во своите дворови.
Продолжениот викенд го искористија и граѓаните од Скопје кои можеа да се забележат во посета на своите имоти во делчевско. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Консензус за реформски закони или предвремени избори – што ќе донесе лидерската средба?

Потребни се донации за операција на малиот Дамјан

СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата