Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Полска реагира откако Русија протера нејзин дипломат: Oваа погрешна одлука да биде поништена

Полска реагира откако Русија протера нејзин дипломат: Oваа погрешна одлука да биде поништена
Img 7972

Полска го повикала рускиот амбасадор на консултации поради протерувањето на полскиот дипломат, кој е обвинет за учество во протестите за поддршка на затворениот опозиционер Навални.

„Полската страна очекува руските власти да ја поништат оваа погрешна одлука“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Во спротивно, како што се наведува, Полска си остава можност да преземе соодветни чекори, пренесува „Ројтерс“.

Русија денеска протера тројца европски дипломати од Германија, Шведска и Полска поради учество во забранетите собири за поддршка на опозицискиот активист Алексеј Навални.

Руското МНР објави дека тројцата дипломати учествувале во незаконските демонстрации на 23 јануари.

„Ваквите активности се некомпатибилни со статусот на дипломатите“, соопшти Министерството.

Овој потег, беше проследен со експресни реакции од германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз