Утрински Весник
Свет

Полска: Контролирана експлозија на најголемата пронајдена бомба од Втората светска војна

Полска: Контролирана експлозија на најголемата пронајдена бомба од Втората светска војна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Полска денеска експлодира досега најголемата пронајдена бомба од Втората светска војна во оваа земја, под контролирани услови, на морското дно.

Старата британска бомба наречена „Толбој“ била откриена кога работници се обидувале да го продлабочат морскиот канал во градот Швиноујшќе, во западна Полска.

Станува збор за пристанишен град поврзан со градот Шчеќин на брегот на Балтичкото Море.

Повеќе од 750 луѓе биле евакуирани од областа покрај каналот Пјаст каде што била пронајдена бомбата од британското кралско воено воздухопловство (РАФ), тешка 5.400 килограми. Бомбата била наполнета со 2.400 килограми експлозив.

„Процесот на дефлаграција се претвори во детонација. Бомбата може да се смета за неутрализирана, таа повеќе не претставува опасност“, рече полковник Гжегорц Левандовски, портпарол на 8-та одбранбена крајбрежна флота.

„Сите нуркачи беа надвор од опасната зона“, додаде тој.

Во Швиноујшќе има терминал за течен гас (ЛНГ), но, како што рече градоначалникот, експлозијата не предизвикала никаква штета на инфраструктурата.

Каналот Пјаст го поврзува Балтичко Море со реката Одра на границата на Полска со Германија. РАФ ја фрлило бомбата во 1945. година во напад на германскиот крстосувач Луцов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Украинците сонуваат за мир и за крај на Путин

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн