Утрински Весник
Спорт

Полската тениска „кралица“ Швјонтек фуриозно во третото коло

Полската тениска „кралица“ Швјонтек фуриозно во третото коло
Dik 300x250 mk

Актуелната шампионка од Ролан Гарос, Полјачката Ига Швјонтек покажа дека е подготвена за одбрана на својата титула, откако во второто коло во Париз ја „збриша“ шведската противничка Ребека Петерсон со убедливи 6:1/6:1 за нешто повеќе од еден час.

Деветторангираната Швјонтек, немаше проблем со Петерсон, правејќи по два брејка во двата сета за да обезбеди дуел со Естонката, Анет Контевеит.

Во третото коло се и три Американки, Кори Гоф, Слоун Стивенс и Софија Кенин. Гоф, светската тенисерка број 25. стигна до 6:3/7:6(1) победа над Кинеската Кијанг Ванг, истата противничка која ја победи во финалето во Парма пред две недели, за прва титула на земјена подлога. Гоф има 23 победи оваа сезона и само три тенисерки се поуспешни од неа.

Стивенс, шампионката од САД опен во 2017 година, првпат по повеќе од две години победи топ 10 тенисерка, елиминирајќи ја 10. носителка, Каролина Плишкова со 7:5/6:1, додека минатогодишната финалистка од Париз, Софија Кенин со 7:5/6:3 беше подобра од сонародничката Хејли Баптист.

> Полската тениска „кралица“ Швјонтек фуриозно во третото коло <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс