Утрински Весник
Магазин

Половина од плажите низ светот може да исчезнат во следните 80 години

Половина од плажите низ светот може да исчезнат во следните 80 години

Њујорк, 3 март 2020 (/) – Климатските промени и покачувањето на океанското ниво можат да бидат причината половина од плажите низ светот да исчезнат до 2100 година, покажуваат резултатите од истражувањето, што е цитирано од светските агенции.

Дури и доколку човештвото значително ги намали емисиите на штетни гасови, што сега се одговорни за климатските промени, над една третина од песочните крајбрежја се под закана. Нивното исчезнување ќе има последици не само врз туризмот.

-Доколку туризмот го оставиме настрана, плажите во повеќе случаи го обезбедуваат првиот механизам за заштита од бури и поплави. Без плажите последиците од екстремните климатски настани веројатно ќе се поголеми. Треба да се подготвиме за тоа, изјави  Михалис Вусдукас од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Плажите заземаат над една третина од крајбрежните појаси во светот и во серија случаи се наоѓаат во густо населени региони. Тие се под закана од ерозија на почвата на која интензивно се гради, од зголемување на нивото на морињата, бурите….

Австралија можеби да е најмногу засегната од оваа појава, бидејќи нејзиниот појас од плажи има должина од речиси 15.000 километри, а тие може да исчезнат за 80 години. По Австралија следат Канада, Чиле, САД, Мексико, Кина, Русија, Аргентина, Индија и Бразил.

Експертите проучувале два сценарија – најлошото, во кое емисијата на штетни гасови ќе продолжи со истото темпо, и второто, поврзано со ограничување на климатското загревање за 3 степени Целзиусови. Во најлошото сценарио ќе исчезнат 49,5 отсто од плажите, односно песочните крајбрежни појаси со должина од околу 132.000 километри. Во вториот случај ќе биде засегната плажи во должина од 95.000 километри.

Резултатите од ова истражување се објкавени во Nature Climate Change.сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста