Утрински Весник
Спорт

Половина белгиска репрезентација одбива да се вакцинира

Половина белгиска репрезентација одбива да се вакцинира
Dik 300x250 mk

Речиси половина репрезентативци на Белгија ја одбиле шансата да добијат вакцина против Ковид-19 пред Евро 2020 бидејќи сметале дека можните контраефекти може да им ја нарушат формата на првенството, тврдат белгиските медиуми.

Белгиската влада дала зелено светло сите фудбалери да бидат вакцинирани пред шампионатот и некои од фудбалерите (Тоби Алдервајрелд, Тимоти Кастањ, Тибо Куртоа и Томас Вермален) се решиле да добијат вакцина на „Фајзер“, но повеќето од неименуваните фудбалери сметале дека со вакцина пред шампионатот ќе им се намалат шансите за добар резултат. Официјално, од вакината можни се главоболки, чувство на умор, болки во мускулите, треска и болка во зглобовите, со 10 отсто од вакцинираните со вакви контраефекти.

> Половина белгиска репрезентација одбива да се вакцинира <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја