Утрински Весник
Македонија

Полни викенд куќите со жители од Велес и Скопје во реонот на Азот во Општина Чашка

Полни викенд куќите со жители од Велес и Скопје во реонот на Азот во Општина Чашка

Велес, 17 април 2020 (МИА) – Во пресрет на Велигденските празници и најдолгиот полициски час од 85 часа попладнево граѓани од Велес и Скопје во колони со своите автомобили се упатија кон своите викенд – семејни куќи во селата од Азот од кои голем дел од нив и потекнуваат: во селата Оморани, Ореше, Теово, Нежилово, Папрадиште, Богомила, Согле, Бистрица и други села. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, за МИА информираа, дека Азот денеска е се преполно и така ќе биде во овој продолжен празничен викенд  додека трае полицискиот час и забраната за движење. Според негови проценки во овој реон има околу 300 викенд куќи во кои моментално престојуваат и повеќе од 1500 викендаши.

– Во Општина Чашка нема заразени со вирусот на Ковид -19 па затоа и мојата загриженост од напливот на викендаши од кои дел се помлади и од кои  дел од нив несовесно се однесуваат занемарувајќи го полицискиот час и  се групираат по викен куќите. Апелирам до сите нив сепак поради постоечката загрижувачка состојба во  земјава и порастот на бројот на заболени, да бидат примерни и без поголеми групирања и собирања по  викенд куќитем, а се со цел да го заштитат своето и здравјето на останатите жители,апелира Стојановски.

Тој информира дека освен во реонот на Азот полни се и викенд куќите во Населбата Јасеново која е во близина на Болницата Јасеново кај селата  Извор, Стари Град и околните населени места каде има голем број на викенд куќи. ад/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата