Утрински Весник
Свет

Полиција упадна во редакција на продемократски портал во Хонг Конг – уапсени седум лица

Полиција упадна во редакција на продемократски портал во Хонг Конг – уапсени седум лица

Стотици полицајци за национална безбедност во Хонг Конг упаднаа во просториите на продемократскиот портал Стен Њуз и уапсија седум лица, вклучувајќи го и главниот уредник, под обвинение за „заговор за објавување на бунтовнички содржини“.

Новинарството не може да биде средство против националната безбедност, рече главниот секретар на Хонг Конг Џон Ли, всушност вториот човек во владата на Хонг Конг, и додаде дека ја поддржува полициската акција.

Стен Њуз објави написи кои поттикнуваат омраза против владата, вклучително и судството, соопшти полицијата, а пренесе Ројтерс.

„Поради ситуацијата, Стен Њуз се гаси“, беше објавено на Фејсбук со најава: „ Главниот уредник Патрик Лам поднесе оставка и сите вработени се отпуштени“.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма