Утрински Весник
Свет

Полицијата употреби солзавец на протестот против полициското насилство во Париз

Полицијата употреби солзавец на протестот против полициското насилство во Париз

Полицијата во Париз употреби солзавец на протестен марш против полициското насилство, откако маскираните демонстранти запалија огномет, поставија барикади и фрлаа со камења кон полицајците.Илјадници луѓе маршираа низ Франција против полициското насилство, барајќи слобода на печатот по полициските тепања на музичарот со темна кожа Мишел Зеклер.

Несоодветната сила употребена против Зеклер го разгоре гневот на граѓаните заради нацрт-законот со кој се забранува снимање на полицијата, а кој се смета за ограничување на правото на новинарите да известуваат за полициската бруталност, објави Ројтерс.

На снимката, со која дојде АП од безбедносните камери во неговото музичко студио и оние направени од соседите, се гледа како тројца полицајци го следат Зеклер до студиото, каде постојано го тепаат со палка.Тие се суспендирани и се под истрага.

Мишел Зеклер рече дека бара правда и дека полицијата го навредувала и користела „силни расистички епитети“.Заклер, кој се здоби со повреди на главата, подлактицата и ногата, рече дека не разбира зошто полицијата сакала да го уапси.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња