Утрински Весник
Македонија

Полицијата со засилени контроли за спроведувањето на мерките против коронавирусот

Полицијата со засилени контроли за спроведувањето на мерките против коронавирусот

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека формира Кординативно тело за спроведување на мерките поврзани со состојбата со Ковид 19.

МВР ги презема сите мерки и активности со цел заштита на граѓаните, а за сите преземени мерки ќе ја информира јавноста преку Одделот за односи со јавност, во координација со другите институции.

Како што се наведува во соопштението, полициските службеници вршат и ќе вршат засилени контроли во врска со спроведувањето на мерките што ги презема Владата со цел справување со проблемот со Ковид 19.

-Апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

МВР, како што се потенцира, презема соодветни мерки и активности и за заштита на своите вработени преку набавка на средства за дезинфекција, заштитни ракавици и други средства за сите полициски службеници.

-Вработените во МВР да ги редуцираат контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно да се користи електронска комуникација, а при директна комуникација со странки да се користи соодветна заштита односно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство, се посочува во соопштението.

Во постапка е отварање на телефонска линија на која граѓаните ќе добиваат информации за услугите на МВР, со цел да се одбегне доаѓањето во институцијата доколку тоа не е неопходно и за тоа соодветно ќе ја информираме јавноста. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!