Утрински Весник
Македонија

Полицијата привела 30 лица за непочитување на полицискиот час

Парични казни за четири лица од Битола за непочитување на полицискиот час

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Приведени 30 лица од 38 кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во државава. За осум лица ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР информираат дека полицијата регистрирала и 81 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението на МВР. бк/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег