Утрински Весник
Македонија

Полицијата привела тројца гостиварци, правеле гласна забава и навредувале полицајци

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Гостивар, 10 април 2020 (МИА) – Тројца гостиварци синоќа биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, откако не ја прекинале бучната забава и навредувале полицајци.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа (9 април) околу 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. Н. (34) од Гостивар. Тој е осомничен  дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Со него приведени се и И.М.(35) и С.Т.(36) исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“.

На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.

Тројцата гостиварци задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци. згм/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош