Утрински Весник
Македонија

Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие, на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се додава во соопштението. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсовска удри по Ѓорѓиевски: По Висар, ќе дојде редот и на Кисела Вода!

Листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи