Утрински Весник
Македонија

Полицијата прекина свадба во Врапчиште на која во време на корона се веселеле 30 лица

Во попладневните часови на 18 декември полициски службеници од СВР Тетово го уапсиле 56-годишниот А.З. од гостиварското село Врапчиште, кој организирал свадбена прослава во време на епидемија.

Како што информираат од МВР, пред куќата на 56-годишникот била организирана свадбена веселба, на која присуствувале триесетина лица.

Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога