Утрински Весник
Македонија

Полицијата одзеде 1.240 килограми марихуана од магацин во скопски Бутел, пријава за правното лице

Полицијата одзеде 1.240 килограми марихуана од магацин во скопски Бутел, пријава за правното лице

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција во рамки на засилените мерки во борбата со недозволена трговија со дрога во координација и по насоки од Основно јавно обвинителство Кавадарци вчера во магацин во скопската населба Бутел пронајде и одзеде 12 дрвени палети во кои биле складирани 1.240 килограми марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски вакумирани пакувања и полиетиленски вреќи.

Во периодот од крајот на јуни до октомври минатата година, информираа денеска од МВР, на необезбедена парцела со површина од околу 30 хектари на подрачје на село Сопот, општина Кавадарци, правно лице со седиште во Скопје, со други правни субјекти, извршило засадување на индустриски коноп, без соодветна дозвола-одобрение од соодветна комисија, при што од страна на НККР Кавадарци, по добиени насоки од  јавен обвинител од ОЈО Кавадарци на 2 октомври лани е извршен увид и се одземени мостри за вештачење од конопот.

– На 14 април 2020 од страна на ОКТИВ при МВР е изготвено вештачење со кое се констатира дека засадениот коноп претставува опојна дрога –марихуана чие што одгледување е регулирано со Закон за контрола на опојни дроги. На 22.04.2020, повторно се дадени насоки од јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, со цел да се обезбеди претставникот на правното лице Н.Ј (42) од с. Жилче, општина Јагуновце, со цел да се изврши службен разговор, а марихуаната која била складирана во магацин во населба Бутел да биде одземена и да се изврши дополнително вештачење. Повторно на 22 и 23.04.2020 година се извршени дополнителни две вештачења при што произлезе дека материјалот одземен за вештачење претставува опојна дрога марихуана со вршунки, цвет, семе и присуство на ТХЦ материја, која е забранета според Закон за контрола на опојни дроги, се појаснува во соопштението од МВР.

Против претставникот на правното лице и правното лице ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, а одземената марихуана заедно со кривичната пријава ќе бидат доставени до ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка во текот на денешниот ден. цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада