Утрински Весник
Македонија

Полицијата, новинарите и воспитувачките се во групата на оние кои ќе се вакцинираат од понеделник

Украина: Жена починала по примањето вакцина од „Астразенека“, но немала нуспојави
Dik 300x250 mk

Националната техничка група за имунизација против Ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да почне и вакцинацијата на вработените во критичната државна инфраструктура.

Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

„Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик“, велат од Министерството за здравство.

Сите останати групи, во согласност со степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и се апелира на трпение и разбирање. Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница