Утрински Весник
Македонија

Полицијата најде велосипеди украдени во 2019 година

Полицијата најде велосипеди украдени во 2019 година

Полицијата пронајде украдени велосипеди во куќа во Скопје, а дел од нив им биле вратени на сопствениците.

Според информациите на МВР, на 25 март бил извршен претрес во домот на И.Р.(28) од Скопје, при што биле пронајдени пет велосипеди, кои биле одземени од неговиот татко, кој бил присутен на претресот.

На 14 овој месец било извршено препознавање на велосипедите и два биле вратени на сопствениците кои биле украдени во мај и јуни 2019 година.

МВР најави дека по целосно документирање и расчистување на случаите ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата