Утрински Весник
Македонија

Полицијата и инспекторите упаднаа во локали во Струмица: Затекнати над 30 малолетници по полноќ

Вчера во периодот од 21 до 05 часот, полициски службеници во координација со инспектори спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на  Струмица.

Притоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници кај еден од нив, информираат од МВР.

Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација.

Од полицијата велат дека за сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка