Утрински Весник
Свет

Полицијата го блокираше пристапот до плажите во Барселона поради ширењето на коронавирусот

Полицијата го блокираше пристапот до плажите во Барселона поради ширењето на коронавирусот
Dik 300x250 mk

Полицијата го блокираше пристапот до повеќе плажи во Барселона, бидејќи голем број граѓани го игнорираа барањето на владата да останат дома. Полицијата спречи повеќе луѓе да влезат на плажите и користеа мегафон за да ги повикаат граѓаните на плажите да се распрснат и да се оддалечат, бидејќи биле премногу блиску едни до други, со што бил зголемен ризикот од инфекција.

Откако Шпанија ги укина тримесечните рестриктивни мерки што придонесоа за сузбивање на епидемијата, најтешка е ситуацијата во Барселона и во другите области во Каталонија. Каталонските власти пријавија повеќе од 1.200 нови случаи на инфекција во последните 24 часа.

Поради влошување на епидемиолошката состојба, собирањето на повеќе од 10 лица во Барселона е забрането од денеска. Властите препорачаа жителите на Барселона и соседните области да ги напуштат своите станови само за работа или по потреба.

Коронавирусната инфекција досега е потврдена во Шпанија кај повеќе од 300.000 луѓе, од кои починале повеќе од 28.400.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија

Украина во тајна операција уништи стратешки руски нафтовод

Холандија добива прв геј премиер во историјата