Утрински Весник
Свет

Полицијата во Пенсилванија убила змија додека давела маж

Dik 300x250 mk

Полицијата во Пенсилванија убила змија за да спаси човек што го давел, јавува ЦБС.

dobivaj vesti na viber

Еден од полицајците го опиша настанот како сцена од хорор-филм.

Полицијата добила повик за маж со змија завиткана околу вратот.

Кога полицајците пристигнале во куќата, 28-годишниот маж лежел на подот и не реагирал, а средниот дел од големата змија му бил замотан околу вратот, пишува РТС.

Еден од полицајците успеал со куршум да ја погоди змијата во главата, без да го повреди човекот.

По тоа, успеале да го ослободат.

Тој итно бил пренесен во подрачна болница, а неговата состојба не е позната.

Гардијан пренесува дека еден од полицајците настанот го опишал како сцена од хорор-филм.

Полицијата проценила дека змијата била долга најмалку четири и пол метри, пренесе „Денес.рс“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа