Утрински Весник
Свет

Полицијата во Барселона растури нелегална забава што траела 40 часа

Полицијата во Барселона растури нелегална забава што траела 40 часа

Каталонската полиција прекина нелегална забава со околу триста учесници, која траела околу четириесет часа, во хангар во близина на Барселона.

„ Ќе поднесеме жалба против организаторите и учесниците“, напиша полицијата на Лес Мосос де Есквадра на Твитер.

Учесниците на илегалната забава ќе мораат да платат казна од над 3.000 евра, соопшти полицијата.

„Тројца организатори се уапсени. Тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата во наредните часови“, додаде полицијата. Казната за организаторите може да биде повеќе од 600.000 евра.

Снимките до кои дојде агенцијата „Франс Прес“ покажуваат млади луѓе без маски како пушат и танцуваат, без да ја почитуваат пропишаната физичка дистанца.

Стотици полицајци учествуваа во акцијата, со помош на хеликоптери, објави шпанското јавно радио РНЕ.

Во Франција, полицијата денеска утрото растури друга нелегална забава што се одржувала од четвртокот вечерта во Лиерон, јужно од Рен, со 25.000 посетители, од кои некои пристигнале од странство. Полицијата напиша повеќе од 1.200 казни и ја заплени опремата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел