Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Полицијата воспостави протокол по кој ќе треба да постапуваат граѓаните што ќе остварат влез во државата или пак што треба да ја напуштат државата за време на претстојниот 80-часовен карантин за одредени градови како и забраната за движење во дел од градовите, информираат од МВР.
– Граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR тест, ќе може да се превземат од граничните премини, при што лицата што ќе ги превземат претходно ќе треба да го пријават тоа на тел бр. 192 каде што ќе ги остават бараните податоци. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на бројот 192, стои во соопштението од МВР, по однос на потребата за движење на лица во текот на наредните три дена. аа/