Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска посочи дека полицијата го следела метежот, што вчера настана на автопатиштата откако голем број на скопјани заминаа од градот со цел да го избегнат полицискиот час што трае од вчера од 21:00 часот до понеделник до 05:00 часот и покажале разбирање за лицата кои биле затекнати на патарините и на автопатишната по започнувањето на рестрикцијата за движење.
– Полицијата го следеше метежот кој настана на улиците и на автопатот и од тие причини имавме разбирање за граѓаните кои во моментот кога почна полицискиот час беа затекнати таму, со тоа што полицијата укажуваше побрзо да бидат упатени кон крајните дестинации кон кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час. Во некој период од половина час, кога беа затекнати не беа изречени мерки само беа писмено предупредени, наведе Петровска.см/ац/