Утрински Весник
Свет

Полициски час во Словенија

Од денес карантин во седум региони во Словенија

Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус.

Владата на Словенија синоќа прогласи епидемија, а министерот за внатрешни работи денес изјави дека од утре се воведува полициски час, кој ќе трае од 21 часот навечер до 6 часот наутро.

„Во последните 24 часа се регистрирани 537 нови случаи на коронавирус во Словенија, а две лица починале. Тестирани се 2.637 лица, од кои 537 или 20,4 проценти биле позитивни на вирусот“, објави денеска Националниот институт за јавно здравје.

Во болница има 289 лица, од кои 55 се на одделот за интензивна нега.

Претседателот Борут Пахор се очекува вечерва да им се обрати на граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени