Утрински Весник
Македонија

Полициски службеници спасија 67-годишна жена од водите на Вардар

Вардар, Скопје, МТВ

Полицијата утрово извлекла 67-годишна жена од водите на реката Вардар во Скопје.

„ Денеска (01.01.2021) во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во р.Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош.

Потоа жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Косовар баран од Интерпол уапсен на Блаце

Џип удрил во жена на велосипед во Гевгелија