Утрински Весник
Македонија

Полициски контроли на угостителските објекти во Охрид, Струга, Дебар и Кичево за почитување на мерките за превенција од Ковид-19

Полициски контроли на угостителските објекти во Охрид, Струга, Дебар и Кичево за почитување на мерките за превенција од Ковид-19

Охрид, 2 јуни 2020 (МИА) – Полицијата во Охрид преку Одделението за превенција врши контрола врз начинот на кој се исполнуваат владините мерки и препораки за заштита и превенција од коронавирусот, а се однесуваат пред се на почитување на протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана.

На целата територија под ингеренции на СВР – Охрид, полициски службеници остваруваат редовни контакти со сопствениците и други одговорни лица во угостителските објекти заради укажување на неопходноста од целосно спроведување на предвидените безбедносни мерки за заштита од Ковид-19 и успешно менаџирање со објектите во такви околности.

Притоа полицајците на угостителите им делат флаери со целосниот сет-мерки од протоколите за работа.

Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 84 контроли врз угостителски и други објекти и тоа 27 во Охрид, 11 во Струга, 32 во Кичево и 14 во Дебар. аб/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апасиев со тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен

ЦУК: Во Македонија денеска активни се 29 пожари